„Кралскиот клуб“ не успеа да го победи на гостувањето во Севиља, кај и се оддалечи од Барселона, во трката за шампионскиот трофеј.

На натпревар одигран на „Естадио Бенито Виљамарин“, Бетис и Реал одиграа без голови 0-0.

Иако преку Карим Бензема со фантастичен изведен слободен удар успеа да го совлада Клаудио Браво, сепак овој погодок на Французинот беше поништен.

По проверка на ВАР снимката, убаво се виде дека топката упатена кон домашниот гол, со рака ја допира мадридскиот дефанзивец Менди.

Во продолжение следуваше натпревар со голем број на шанси на двете екипи, но без реализација, па резултатот остана 0-0.

Со само едниот освоен бод, Реал Мадрид сега заостанува за 9 бода зад вечниот ривал Барселона кој денеска победи против Валенсија.