Португалскиот ас, Кристијано Роналдо брзо се прилагоди на условите и начинот на игра во Саудиска Арабија и почна да ги оправудува очекувањата на клубот и навивачите.
Роналдо на четири лигашки натпревари во месец февруари постигна 8 погодоци и запиша две асистенции со што го предводеше неговиот тим, Ал Наср Ријад, до три победи и еден нерешен натпревар.
Сето тоа беше доволна причина челниците на клубот да го изберат Роналдо за најдобар играч на тимот за месец февруари. По клупската награда, Португалецот сега го доби и признанието за најдобар играч за месец февруари и во премиер лигата на Саудиската Арабија.
Роналдо се заблагодари за наградата и порача дека ова е само прва од многуте кои ќе следуваат