Лидерот на табелата во англиската Премиер лига, тимот на Арсенал има негатива од 0-1 во дуелот со Борнемут.
На средбата што се игра во Лондон, популарните „топџии“ примија гол по само 10-секунди игра.
Заспаноста на домашната одбрана, но и неверојатно изведената контра, што ја направија фудбалерите на Борнемут, ја казни Данецот, Филкип Билонг кој го постига водечкиот гол, сигурно еден од најбрзите во историјата на Премиер лигата.
Ова е дополнителен притисок за Арсена, кој по победата на Манчестер Сити над Њу Касл, сега има само два бода побеќе од популарните „граѓани“, во трката за шампионскиот трофеј.