МОК, заедно со учесниците на минатите Олимписки игри, поранешните и сегашни врвни спортисти за младите спортисти и идни Олимпијци, а потенцијални учесници на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025 организираше форум на кој беа пренесени спортските искуства и знаења на условно речено „постарите„ врвни спортисти.

Наталија Малахова (учесник на ЕП и СП), Дивна Пешиќ (учесник на ЕП, СП, ОИ Сиднеј 2000 и Атина 2004), Еди Шерифовски (учесник на ЕП, СП,ОИ Париз 2024), Милјана Рељиќ (учесник на ЕП, СП, ОИ Париз 2024), Анастасија Мојсовска (учесник на ЕП, СП, ОИ Париз 2024), Едина Муса (кошаркарка), Пулексенија Јованоска (ОИ Токио 2020), Огнен Стојановски (кошаркар) и Владимир Мирковски (тренер и професор по физичко воспитување) ги пренесоа своите искуства и знаења на младите спортисти, со посебен осврт на својот тренажен процес, посветеност кон спортот, паралелната едукација и кариера после спортската кариера, проблемите во спортот, здравствената и анти-допинг едукација, психолошката состојба, враќање на спортскиот терен по повреда и слично.

МОК овие настани во иднина планира да ги прошири и многу посериозно да се посвети на дополнителната едукација на спортистите во однос на давање целосна логистика на врвните спортисти, идни олимпијци како дополнителна вредност на нивниот тренажен и натпреварувачки процес, нешто кое го гради секој врвен спортист во иден модел за соодветен развој на младите спортисти кои треба да бидат светлата иднина на македонскиот врвен спорт.