На СП во пливање во кратки, 25 метарски базени што се одржува Будимпешта, Унгарија, денеска настап имаше Јован Јанковски.
Тој пливаше во квалификациската трка на 100 метри пеперутка, делница која ја преплива во време од 55.секунди и 8.стотинки. Тоа беше доволно за 8.место во неговата група од десетмина пливачи, a вкупно 56-тото во конкуренција на пливачи 71 пливач колку настапија.
Јован со тоа го заврши учеството на Мундијалот, на кој утре својот втор настап ќе го Никола Ѓуретановиќ. Тој ќе плива во квалификациите на 800 метри слободно.
Сара Јанковиќ која ќе плива во квалификациите на 200 метри слободно во недела, ќе го заокружи настапот на македонските пливачи.