женската фудбалска репрезентација на Македонија го добри првиот од двата контролни натпревари против Црна Гора.
На денешниот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“, крај ФФМ, македонските фудбалерки беа подобри од Црногорките со 3-2.
Уште во петата минута Меијер и донесе предност за Македонија, која не траеше долго бидејќи Карличиќ во 14-тата израмни на 1-1.
До крајот на првиот дел нашата селекција создаде два гола предност. Прво Рочи во 21-та, а потоа и Максути во 41-та погодија за 3-1.
Во вториот дел односно 50,минута постигнаа гол, со кој го ублажија поразот.
На 3 декември (вторник) Македонија и Црна Гора ќе го одиграат вториот натпревар, а тој ќе почне од 12 часот.





































