Ракометарките на Алкалоид во два дена, ќе ги играат двата натпревари од третата рунда во ЕХФ Европскиот Куп. 

Тимот од Автокоманда е пред голема можност да се пласира меѓу шеснаесетте најдобри во ова натпреварување. Алкалоид двата натпревари против австрискиот тим Вест Виена ќе ги игра пред својата публика, на домашен терен. 

Тренерот Кирил Лазаров е свесен дека предноста е голема, но за резултатот вели ќе мора да се одработи на терен. 

„Можам да кажам дека се работи за доста уиграна екипа, технички добра, која што сака во секој миг од натпреварите да  трча добро, така да игра сличен ракомет како нас.

Гледачите и македонската јавност ќе може да види два квалитетни натпревари. а ќе пробаме да одиграме на два добро и се надевам дека ќе издвојуваме две победи. Не благодарно е да се збори пред натпревар, тоа треба и да го одработиме на теренот. Екипата е во добра состојба, како за секој противник така и за овој се спремаме максимално сериозно .

Очекувам да имаа т што повеќе публика утре во салата Автокоманда затоа што овие момци заслужија да имаат поддршка особено на на европски натпревар“, истакна Лазаров. 

Првиот натпревар ќе се игра утре (петок) од 19 часот, а во истиот термин во недела е реваншот. Победникот од овој двомеч ќе обезбеди настап во осминафиналето.