Ракометарите на Вардар немаа многу време за славеше на победата над Алкалоид во неделата. Вардарци денеска ќе го играат последниот натпревар од групната фаза во Европската лига на ЕХФ.

Во Скопје, односно СЦ „Јане Сандански“ гостува германскиот тим Мелсунген кој е лидер на табелата во „Ф“ групата.

Противникот досега незнае за неуспех, односно на петте одиграни натпревари забележа исто толку победи. Меѓунив и онаа против Вардар во дуелот од 2.коло кој Мелсунген го доби убедливо со 34-18.

И за двата тима денешниот меч нема резултатско значење, бидејќи германскиот и сигурно прв, а Вардар неможе до второто место што води во плејофот.

Сепак, црвено-црните ќе сакаат сезоната на европската сцена да ја завршат со победа и да ги израдуваат своите навивачи.

Ќе успеат ли во тоа вардарци, ќе видиме по натпреварот што ќе почне од 20.45 часот.