Џорџ Расел од Мекларен ја освои пол-позицијата за американското Гранд-при во формула 1 шампионатот. Британецот оствари најбрзо време на патеката низ улиците во Лас Вегас.
Возачот на Мерцедес до најдобрата стартна позиција стигна со круг кој го извози за време од 1:32.312. Веднаш зад него ќе биде возачот на Ферари, Карлос Саинц кој заостана за 98 илјадити делови од секундата.
Вистинска сензација е третото место на Пјер Гасли во Алпин, кој забележа 352 илјадитинки побавно време од Расел. Вториот возач на Ферари, Шарл Леклер ќе биде во вториот стартен ред на четвртата позиција.
Третиот ред е резервиран за претендентите за титулата Макс Верстапен (Ред Бул) и Ландо Норис (Мекларен). Доколку трката завршеше вака, Холанѓанецот би обезбедил нова титула.
Стартот на американското Гранд-при е закажан за утре во 7 часот.
What a climax to qualifying we had in Vegas 🍿#F1 #LasVegasGP pic.twitter.com/LVV0SDi7N8
— Formula 1 (@F1) November 23, 2024