Првиот ден од март беше и последниот временски рок во кој прволигашките екипи можеа да ги направат последните промени во играчкиот ростер.

Последниот ден од преодниот рок во натпреварувачката сезона 2022/2023, донесе промени во дел од клубовите.

Погледот на листата на пријавени играчи која важи до крајот на оваа натпреварувачка сезона кажува дека актуелниот бранител на титулата, екипата на МЗТ Скопје има и најголем играчки странски кадар. Во одбрана на шампионскиот трофеј „сино-белите“ тргнуваат со шест интернационални кошаркари, односно со истите оние кои стигнаа до првиот трофеј во сезоната, наменет за најдобриот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. „Аеродромци“, интересно, се и единствените кои ја надминуваат онаа стандардна бројка на играчи-странци со право на настап на еден официјален натпревар. И се една од екипите кои не направија промени во периодот на паузата во шампионатот.

Со исти бој на странци, продолжуваат и екипите на Феникс , Кожув, Навико Академија ФМП, во таа група е и ТФТ Моцарт кој не ги менуваше странските играчи (си замина само Џермејн Бишоп, кој беше петтиот на листата на странски играчи).

Од друга страна, дел од екипите направија некои промени, а најмалку (двајца) ги има во редовите на Феникс од каде најавиле дека е можно во скоро време да има само еден, па дури и дека крајот на сезоната да го дочекаат и без странски засилувања. И ова нема да не зачуди имајќи во предвид дека овој тим е блиску до обезбедување пласман во разигрувањето (потребни им се само уште три победи на последните седум натпревари), па како и лани кога административно избори место во Супер лигата (на местото на Академија ФМП – не се регистрира во АД), сезоната ја заврши без странци. И ова е добра „тактика – калкулација“ пред се да се заштедат пари во буџетот, а од друга страна да им се даде шанса на помладите. 

ЛИСТА НА СТРАНСКИ ИГРАЧИ СО ПРАВО НА НАСТАП ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА ВО ПРВА ЛИГА-МАЖИ

КУМАНОВО: Андрија Марјановиќ, Џошуа Џеферсон, Рајан Рајт (дојдоа), Кервон Смит (остана),
– Елајџа Џојнер, Семјуел Адевунми (заминаа)

ЧАИР: Недим Мустафица, Давел Роби (дојдоа), Јусуф Мохамед, Харис Цуцовиќ (останаа),
– Дареал Френклин (замина)

АКАДЕМИЈА ФМП: Ѓорѓе Мариновиќ, Џендлер Џонс, Томас Смит-Мексвејн, Дејан Бјелиќ (останаа)

КОЖУВ: Душан Јузбашиќ, Мајрон Гордон, Рамо Ризвиќ, Домен Братож (останаа)

ГОСТИВАР: Немања Жигон (дојде), Арсеније Вучковиќ, Гиорги Корсантиа, (останаа),
– Лувејн Пипкинс, Кахлон Витли (заминаа)

ПЕЛИСТЕР: Никола Силаџи (дојде), Сеад Хаџифејзовиќ, Донтај Карутерс, Кени Карпентер (останаа), Недим Мустафица (замина)

СТРУМИЦА : Никола Шучов (дојде), Стефан Крстајиќ, Даглас Кортез, Бредли Обиквели (останаа)

ЕУРО НИКЕЛ : Стефан Балмазовиќ (дојде), Јуре Планиниќ, Иван Гавриловиќ (останаа), Бранислав Ѓекиќ (замина)

ТФТ МОЦАРТ: Лахлан Андерсон, Давид Хотон, Трент Батрик, Дупре Мекбраер (останаа), Џермејн Бишоп (замина)

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ: Дастин Вер, Мајкл Кефи, Страхиња Миќовиќ, Кеандре Кук, Абдул Абу (останаа)

РАБОТНИЧКИ: Ѓорѓе Џелетовиќ, Ајсах Умпиг (дојдоа), Никола Малешевиќ Ерик Нотиџ (останаа), Камерон Форте, Пол Џексон (заминаа)

ФЕНИКС : Чарлс Фалден, Елајџа Џојнер (останаа)