Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров на седум дена пред одигрување на првиот дуел со Португалија го објави „скратениот список“ на играчи на кои ќе смета за двомечот од квалификациите за Европското првенство 2024.

Од првобитните 35 играчи, Лазаров за првиот собир во недела во 16 часот во хотелот „Александар Палас“ повика 22 играчи.

Дваесет играчи се од домашното првенство, а само двајца се интернационалци голманот Никола Митревски (Порто) и Филип Кузмановски (Вецлар). Во репрезентацијата се враќа Мартин Велковски, кој подолг период отсуствуваше поради повреда, а ги нема крилата на Вардар Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Првиот натпревар се игра на 9.март (четврток) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а следниот е в недела на 12.март во Матосинхош со почеток во 19:30 часот (18:30 часот локално време).