Ракометарките на Чаир го дознаа својот противник за осминафиналната рунда во ЕХФ Европскиот Куп. Чаирчанки за место меѓу осумте најдобри ќе се борат со чешката екипа Славија Прага.

Ова е епилогот од денешната ждрепка одржана во Виена.

Првиот натпревар македонскиот тим ќе го игра на гостински терен на 11/12 јануари 2025 година, а реваншот е една недела подоцна на 18/19 јануари. Победниците ќе се пласираат во четвртфиналето што ќе се игра во февруари 2025-та.

Ракометарките на Чаир останаа единствената македонска екипа на европската сцена. Тие за својот историски успех се изборија со четирите победи во двете квалификациски рунди.