Ракометарките на Чаир остануваат последната македонска екипа на европската сцена. Тимот на Чаир, направи историски успех, пласирајќи се осминафиналето на ЕХФ европскиот куп.
Ова откако чаирчанки го добија и вториот меѓусебен дуел од шеснаесетфиналето против португалскиот тим Колехио Де Гаија.
Вчера во првиот ракометарките на Чаир победија со четири голови разлика (29-25), а денеска славеа со 28-26.
Најефикасна ракометарка на Чаир беше Стефанија Ѓорѓиевска со 10 голови, додека Теодора Дукоска постигна 7.
Потсетување дека во Европскиот куп настапуваше и тимот на Металург Автокоманда, а во ЕХФ Европската лига екипата на Ѓорче Петров. Двата македонски тима беа елиминиран по два одиграни натпревари.