Франческо Бањаја славеше во спринтерската трка во Барселона и остана во игра за одбрана на титулата во Мото ГП шампионатот. Италијанецот освои 12 бода, а лидерот во шампионатот Хорхе Мартин беше трет и стигна до седум бода.
Во пресрет на главната трка во недела, разликата е 19 поени во корист на Шпанецот.
Сега е јасно дека на Бањаја му треба победа, но притоа Мартин да не се пласира подобро од 9-тото место. Ако Шпанецот заврши меѓу осумте најдобри тогаш тој ќе ја освои титулата.
На утрешниот старт закажан за 15 часот, Бањаја ќе ја има првата, а Мартин четвртата стартна позиција.