Новата генерација на млади македонски фудбалери (родени 2004 и 2005 година) денеска ќе го има првиот тест.

Репрезентацијата до 21 година, предводена од селекторот Драган Канатларовски ќе го игра првиот контролен натпревари против врсниците од Косово.

Канатларовски повика поголем број фудбалери кои треба да се докажат дека го заслужуваат националниот дрес.

Двата контролни натпревари со Косово ќе послужат воигрување за претстојните предизвици во следниот квалификациски циклус.

Двата натпревари ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“ крај ФФМ во Скопје. првиот (денешниот) ќе почне од 13 часот, а вториот во недела од 12 часот.

Натпреварот меѓу младинските селекции (У21) на Македонија и Косово може да го гледате во живо овде.