Екипите на Шефилјд Јунајтед и Гримсби приредија големи изненадувања елиминирајќи ги премиер лигашите Тотенхем и Саутемптон во осминафиналето на ФА Купот.

На задоволство на своите навивачи на стадионот „Брама Лејн“ тимот кој настапува во втората по квалитет англиска лига, Шефилд Јунајтед славеше победа со голот на Сенегалецот, Илиман Индијае во 79-тата минута и го елиминира Тотенхем.

Поголемо изненадување направи екипата на Грумсби кој се натпреварува во четвртата лига, елиминацијата на Саутемптон кој го совлада со 2-1.