Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва од 20:30 часот го игра третиот натпревар од квалификациите за Светското првенство.

„Црвено-жолтите“ гостуваат кај селекцијата на Италија. Нашата репрезентација во двата досега одиграни натпревари има освоено еден бод по нерешениот исход (3:3) со вечерашниот ривал во Скопје.

Македонија во првиот натпревар беше поразена од Шведска, третата селекција во групата 10.

Во последното коло Македонија на 5.март на домашен терен ќе игра против селекцијата на Шведска.

Италија е прва во групата со 4 бодови, пред Шведска со 3, а Македонија има само еден бод.

Пласман во следната фаза ќе изборат првопласираните репрезентации од 12-те групи, како и четири најдобропласирани, додека другите осум второпласирани селекции ќе играат бараж.

Натпреварот може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ