Најдобрата македонска фудбалска репрезентација ја очекуваат последните два натпревари во Лигата на Нациите.

Дуелите во Скопје, против Летонија и Фарски Острови, треба да го потврдат 1.место во групата „4“ од третата квалитативна конкуренција.

Секторот Благоја Милевски, денеска ќе го објави списокот на фудбалери кои ќе конкурираат за место во тимот.

Македонските фудбалери со трите врзани победи во низа, се на 1.место на табелата со 10 бодови, шест повеќе од конкурентите Ерменија и Литванија. За потврда на првото место, доволен е само еден бод.

Но, одличната и победничка атмосфера која владее во селекцијата секако ветува нови добри изданија, а македонската јавност очекува победи.

Летонија веќе ја совладавме на гостински терен со 3-0, а „Фараните“ ни се „должници“ по нерешените 1-1.

Првиот натпревар против Летонија ќе се игра наредниот четврток (17 ноември) од 20.45 часот. Tри дена подоцна (17 ноември) од 15 часот ќе следува дуелот со Фарските Острови.