Супер натпревар со дури шест погодоци, Градското дерби на Торино ги оправда очекувањата.
Јувентус два пати се враќаше од негатива за да потоа направи целосен пресврт и со 4-2 запише три бода.
Се почна одлично за Торино, па уште во втората минута Карамо го матираше Шчесни.
Јувентус брзо се консолидираше, па по само 12 минути се врати во игра и преку Квадрадо изедначи 1-1.
Торино во 43-тата повторно го изненади Јувентус и со голот на Санабрија поведе со 1-2.
Сепак овој пат уште пократко траеше нивната радост откако Данило само две минути подоцна изедначи на 2-2.
Во 69-тата „Алиенц Арената“ во Торино беше на нозе кога на теренот влезе Пол Погба.
Французинот прв пат оваа сезона настапи на официјален натпревар и се очекува да биде од голема помош за Старата Дама. Во истата минута во игра влезе и Федерико Киеза.
Токму Киеза само две минути подоцна асистираше за третиот погодок, па преку Бремер, Јувентус дојде до целосен пресврт.
Конечните 4-2 ги постави Адриан Рабио во 81-тата минута.