Ракометарите на Охрид не ја минаа втората рунда во ЕХФ Европски куп и ќе продолжат во следната фаза. Охриѓани не успеаја да обезбедат место меѓу 32-те екипи во ова натпреварување.
На реваншот во Романија одигран попладнево, Охрид загуби од Труда со 10 разлика (39-29) и не ја сочува предноста од шест гола (31-25) оставена на првиот дуел.
Домаќините го отворија натпреварот со два врзани гола. Охрид постојано ја бркаше негативата и во неколку наврати го израмнуваше резултатот, но не успеа да поведе. Во финишот на првиот дел Потаиса пак врза два гола во низа и на полувреме замина со три предност 17-14.
Во вториот дел. Романскиот состав брзо зголеми на пет разлика. Тоа им даде дополнителен мотив, а на охриѓани уште потешка задача. Од минута во минута Труда ја зголемуваше разликата и на крај заслужено славеше со +10.
Така Охрид по два меча го заврши својот евро-настап, па сега комплетно ќе се посвети на домашните обврски.
Во Европскиот Куп, македонски претставник останува Алкалоид кој претходно ја заврши својата обврска. Тимот од Автокоманда с3га ќе ја чекаат ждрепката во вторник, да ги дознаа противниците за третото коло.
Првите натпревари ќе се играат на 23-24 ноември, а реваншите седум дена подоцна (30 ноември и 1 декември).