Освојувачот на ракометниот Куп на Македонија, тимот на Алкалоид утре ќе го има вториот настап сезонава на европската сцена.
Тимот од Автокоманда отпатува за Клаипеда, Литванија, каде ќе го игра реваншот против Драгунас. Тоа е дуел од второто квалификациско коло на Европскиот Куп.
Во него избраниците на Кирил Лазаров ќе влезат со огромна двоцифрена предност од 11 голови, откако првиот натпревар Алкалоид го доби убедливо со 42-31. Големата разлика нема да го залаже Лазаров и неговите избраници, па тие и во овој меч ќе играат максимално.
Дуелот Драгунас – Алкалоид што ќе се игра утре ќе почне од 15 часот.
Два часа подоцна и ракометарите на Охрид ќе го играат реванш мечот против романската екипа Потаиса Турда. Во него охриѓани ќе стартуваат со предност од шест гола ( 31-25).