Ракометарите на Охрид забележаа убедлива победа против романската Потаиса Турда во првиот дуел од ЕХФ Европа купот.
Охридскиот тим по седумгодишна пауза се врати на европската сцена на најдобар можен начин. Во првиот меч од втората квалификациска рунда Охрид славеше со 31-25.
Уште во првото полувреме избраниците на Стефче Алушовски го најавија триумфот. Имаа популарните „гладијатори“ најголеми четири, а на одмор заминаа со три гола предност (18-15). Иста слика и во вториот дел. Охрид брзо ја удвои предноста, имаше во неколку наврати и +7. Сепак на реваншот во Романија ќе патува со пет гола позитива (31-25).
Со шест голови прв стрелец во победничката екипа беше Никола Јукиќ, додека еден помалку (5) постигна Гоце Ојлески.
Реваншот во Романија ќе се игра следната сабота (26 октомври од 17 часот).