Вардаровиот капитен Дарко Мицевски е успешно опериран, по повредата со која се здоби на натпреварот против Охрид кој Вардар го доби со 1-0.
Мицевски предвреме го заврши дуелот од 17-тото коло, одигран во саботата, а вчера беше успешно опериран.
Ова сигурно ќе биде голем хендикеп на црвено-црните во продолжението на сезоната, но Мицевски кратко порачува дека вардарци мора да останат сплотени.