Добитното во прволигашката кошаркарска конкуренција тимот на скопски Чаир, репрезентативната пауза во првенството, сериозно ја искористи.

Чаирчани за продолжението на шампионатот, ангажираа две нови засилувања.

Првото е Девел Роби кој доаѓа од екипата на Оваресе од Португалија. Американецот кој игра на позициите 1-2, ќе треба да донесе свежина и поголем квалитет пред се во организацијата на играта на чаирчани. Роби е искусен кошаркар кој има настапувано во квалитетни клубови во низ Европа, пред се првенствата во Израел, Украина. Чешка и досега Португалија.

На позицијата 2-3, конкуренцијата во тимот ќе ја зголеми искусниот 30-годишен Предраг Пајиќ, кој во досега настапуваше за екипата на Академија ФМП.

Третото ново има во Чаир е босанскиот интернационалец Недим Мустафица, кој треба да даде цврстина под обрачите, а кој во првиот дел од сезоната играше за битолски Пелистер, а претходно го носеше и дресот на Работнички.

Со новите засилувања екипата на Чаир серозно размислува пред се за опстанок во Првата лига и следната сезона, но како што најавуваат од тимот тие ќе се обидат да атакуваат на позициите што носат пласман во плејофот, од кои во моментов тимот е оддалечен само три победи зад осмо пласираниот Кожуф.

До крајот на првиот дел од шампионатот остануваат уште седум кола, а во наредното 16-то што на програмата е претстојниот викенд Чаир му гостува на Феникс.