Македонскиот одбојкарски шампион Струмица, попладнево ќе го одигра реванш дуелот со унгарскиот Фино Капошвар.
Ова е меч од второто квалификациско коло во ЦЕВ Купот.
Струмичани на ова гостување во Унгарија отпатуваа со убедливата победа со 3:0 остварена на првиот дуел пред своите симпатизери.
Речиси репрезентативниот тим на Македонија кој сега е дел од шампион, предводен од капитенот Никола Ѓорѓиев, е пред пласман во следната рунда. Играта која струмичани ја демонстрираа на првиот натпревар ветува пласман во шеснаесетина-финалето.
А, во него струмичани ќе имаат голем предизвик во турскиот тим Галатасарај.
Сепак прво треба да се одработи реваншот мечот против Фино Капошвар кој ќе почне во терминот од 18 часот.