Кошаркарите на Пелистер подготвени го дочекуваат шампионот МЗТ Скопје Аеродром во дербито од 2.коло на Првата лига. 

Во таборот на зелено-белите веруваат дека може да им се реваншираат на аеродромци за неодамнешниот пораз во Супер куп натпреварот. 

„Ова ќе биде сосема поинаков меч од Супер-купот, иако и таму имавме многу добри моменти, пред се во првото полувреме.

Во меѓувреме одигравме два добри натпревари, ги совладавме Широки и Тиквеш и имаме уште поголема самодоверба.

Покрај тоа, играме на домашен терен, пред наша публика и сигурно дека ќе влеземе со огромна желба, енергија.  Мора да имаме сериозен фокус и концентрација во текот на сите 40 минути ако сакаме да дојдеме до посакуваната цел.

Затоа ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број, да ни дадат поддршка и да уживаат во уште еден добар меч““, вели Александар Костоски. 

Дербито во Битола ќе се игра попладнево во терминот од 18.30 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ