Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија денеска ќе се собере во Скопје пред дуелите во Лигата на Нациите. Црвено-жолтите ги очекуваат два натпревари на гостински терен со Летонија и Ерменија.
Селекторот Благоја Милевски веќе го соопшти список со 25 играчи кои ќе конкурираат за составот.
Она што го загрижува селекторот, но и целата јавност е формата и малата минутажа која нашите интернационалци ја имаат во своите клубови.
„Не можеме да зборуваме за натпреварувачка форма, тимот го градиме веќе три години и не сме во позиција да го менуваме секој собир.
Фудбалерите кои се повикани се најдобри во моментот, без разлика за формата“,
По двете одиграни кола во „Ц“ лигата, Македонија со победа и реми и 4 бода е лидери на табелата во втората група. Со бод помалку (3) зад нас се токму претстојните противници.
Првиот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на 10 октомври во Рига против Летонија. Три дена подоцна (13 октомври) гостуваат во Ереван.