Низ улиците на нашиот главен град денеска се трча јубилејното 20-то издание на Скопскиот маратон.
Рекордни 3.440 натпреварувачи од 55 земји, стартуваа и трчаа низ улиците на Скопје.
Во најтешката маратонска дисциплина триумфира Кениецот, Хилари Чемвено трчајќи ги 42-та километри во време од 2:13:28 часа.
Зад Чемвено со само 5 секунди заостанување заврши неговиот сонародник Даниел Кипротич (2:13:53). Како трет целната линија ја мина македонскиот олимпиец Дарио Ивановски. Тој истрча време од 2:16:26 часа.
По трката Ивановски не го криеше задоволството од постигнатиот резултат со кој повторно е македонски шампион во оваа дисциплина.
И кај дамите најбрза беше атлетичарката од Кенија, Ирене Џеруто која истрча време 2:37:52 часа.
Тоа беше за 2 минути и 13 секунди побрзо од нашата атлетичарка Адријана Поп Арсова (2:39:39 часа). На третото место заврши уште една атлетичарка од Кенија, Вивиан Јелегат.