На натпреварот меѓу Вардар и Струга ТЛ што се одигра вчера на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, имало и инцидент.
Од таборот на актуелниот шампион Струга излегоа со соопштение до јавноста. Во него стружани го осудуваат нападот на нивното раководство и бараат во вардарци да го осудат истиот.
Инцидентот се случи пред самиот крај на првото полувреме по кое стружани имаа водство од 1-2, а подоцна натпреварот го добија убедливо со 1-4.
„Во фудбалот нема место за насилство.
Денеска бевме сведоци на обид за напад на челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничкиот клуб.
Најостро го осудуваме насилниот обид врз челниците на нашиот клуб од страна на претставници на противничката екипа на денешниот натпревар.
Ваквите постапки се целосно неприфатливи и немаат место во фудбалот или во кој било аспект од животот.
Нашиот клуб е посветен на вредностите на почит и спортски дух и ги повикуваме надлежните органи да преземат итна акција за решавање на овој сериозен инцидент.
Го повикуваме раководството на екипата на Вардар да го осуди ваквото однесување на претставниците на клубот“.