Фудбалската репрезентација на Македонија, на 10 и 13 октомври, ја очекуваа два нови натпревари во Лигата на нациите. Црвено-жолтите во овој втор круг ќе играат против Летонија и Ерменија.

Селекторот Благоја Милевски денеска го соопшти списокот на фудбалери на кои ќе смета за овие натпревари. На неговиот список се 25 играчи кои ќе конкурираат за составот.

Меѓу повиканите се и двајца фудбалери од младинската (У21) репрезентација. Марио Илиевски кој и на претходните два меча доби повик, откако Милан Ристовски се повреди. Нему сема му се приклучи и Андреј Стојчевски кој настапува во словачка екипа Жилина.

Македонија ја чекаат две гостувања. Првото на 10 октомври во Рига кај Летонија, а потоа во Ереван на мечот со Ерменија.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 7. октомври во Скопје. 

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ