Единаесеттиот месец во годината (октомври) носи дополнителни спортски возбудувања.

Освен веќе започнатите настани, на домашната и меѓународната сцена, во октомври ќе гледаме и дополнителни возбудувања.

Домашната спортска сцена ќе биде збогатена со кошарката и одбојката. Стартуваат шампионатите во овие два спорта во двете конкуренции. Фудбалерите покрај првенствените ќе треба да ги одработат и обврските во Купот на Македонија.

Македонските клупски претставници на меѓународната сцена ќе имаат дополнителни обврски.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер и Работнички ќе играат натпревари во АБА2 лигата.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер веќе се во „погон“ во Лигата на шампионите. Затоа пак Алкалоид и Охрид допрва ги чекаат натпреварите во ЕХФ Купот на Европа.

Одбојкарите на Струмица иако беа елиминирани од Лигата на шампионите сепак ќе продолжат во ЦЕВ Купот. Настап ги очекува и одбојкарките на Работнички актуелниот македонски шампион.

На репрезентативен план. Двете фудбалски селекции имаат свои настапи. Најдобрата (сениорската) во Лигата на нациите, а младинската (У21) во квалификациите за Европското првенство.

Тоа е само дек од она што месец октомври го нуди на спортски план.

За да не пропуштите нешто, следете го редовно нашиот календар со настани каде навремено ќе бидете информирани за сите актуелности.

Следете нé на нашите социјални мрежи

октомври 2024