МЗТ Скопје стартуваше во новата сезона со победа и тоа во регионалната АБА2 лига. Пред двоите симпатизери аеродормци го совладаа цребогорскиот тим Теодо со 68-50. 

Во натпреварот со мал број на поени, пресудна беше играта во одбранатата на сино-белите, ова меѓу другото го потенцира тренерот Васко Атанасов.

„Честитки за моите кошарки за покажаните желби и борбеност, кои ја донесоа посакуваната.

Делувавме одлино во дефанзивата и тоа беше клуч завечерашниот триумф, додекаво нападот имаме уште за работа, што е разбирливо со огледшто е почеток на сезоната.

Задоволен сум од приодот и дисциплината, иако верувам дека можеме многу подобро од прикажаното“,
изјави по натпревар Атанасов. 

Следно за МЗТ Скопје е одбраната на трофејот во Супер купот на Макеоднија. Аеродромци во сабота во „Кале“ ќе играат против Пелистер. 

Тој натпревар пак за битолчани ќе биде вовед во дуелите во АБА2 лигата. Тие својот прв меч во регионалното натпреварување ќе го играат во вторник (1 октомври – 18 часот) протоив Широки на домашен терен. 

Утре пак во СЦ „Кале“ својт премиерн натпревар во АБА2, ќе го игра Работнички кој ќе го пречлека составот на Сутјеска (18 часот).