Со натпреварот против црногорскиот Теодо, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утре ја стартува новата сезона.
Аеродромци почнуваат со настап во АБА2 лигата, во која за противници ќе ги имаат и екипите на Цедевита Јуниор и Хелиос Домжале.
Капитенот на сино-белите Дамјан Стојановски верува дека МЗТ е кадарен да се втурне во трка за највисок пласман.
,, Теодо е одлична екипа. Сепак ние играме на домашен терен, кадр очекувам голема поддршкаодпубликата.
Без разлика како игра противникот мислам дека се ќе зависи од нас, не само утре или в сабота противПелистер, тукуиво текот на целата сезона”, изјави капитенот Дамјан Стојановски.
Утрешниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Теодо што ќе се игра во СЦ ,,Јане Сандански” ќе почне од 18 часот.