Ракометарите на Тиквеш вечерва пред своите симпатизери во Кавадарци ќе имаат нов настап на европската сцена.
Кавадарчани ќе го играат реванш дуелот против Драма од првото квалификациско коло во ЕХФ Европскиот куп.
Тиквеш ќе треба да надополни четири голови разлика, откако првиот натпревар одигран во Грција го загуби со 27-31.
Доколку успеат во тоа ракометарите на Тиквеш ќе играат во втората квалификациска рунда против норвешкиот тим Арендал.
Во следното коло секако ќе имаме македонски претставници во екипите на Алкалоид и Охрид.
Дали ќе имаме и трет останува да видиме по мечот во Кавадарци што ќе почне од 19 часот.