Во воведните два денешни натпревари од првата рунда во Лигата на шампионите, победи забележаа гостинските екипи. Во Ротердам и Белград, домашните црвено-бели загубија од Баер Леверкузен и Бенфика.

Во Холандија, Феенорд доживеа „потоп“ од германскиот првак Баер со 0-4.

Целата работа популарните „фармацевти“ ја завршија уште во првиот дел. Избраниците на Чаби Алонсо постигнаа четири гола. Стрелци беа: Вирц (5 и 36.минута), Грималдо (30), а по ударот на Тапсоба домашниот голман Веленројтер несмасно интервенираше и си постигна автогол.

Во Белград каде Црвена Звезда ја пречека Бенфика, португалскиот ти славеше со 1-2.

Турчинот, Актуркоглу во 9.минута го отвори резултатот. Дваесет минути подоцна неговиот сонародник Кокчу на ефектен начин зголеми на 2-0. Надежта на домашниот тим ја врати интернационалецот од Ангола, Милсон со голот во 84-тата минута. Сепак немаше време Црвена Звезда да извлече барем бод, па трите ги однесе Бенфика.

Вечерва од 21 часот, ќе се играат уште четири натпревари со кои ќе биде комплетирано првото коло.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1. КОЛО
АТЛЕТИКО МАДРИД – ЛАЈПЦИГ
АТАЛАНТА – АРСЕНАЛ
МОНАКО – БАРСЕЛОНА
БРЕСТ – ШТУРМ
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – БЕНФИКА 1-2
ФЕЕНОРД – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 0-4