Во фудбалскиот Куп на Македонија денеска ќе бидат одиграни натпреварите од првата елиминациска рунда. На програмата се дуелите од шеснаесетина финалето.
Освен актуелниот освојувач и бранител на Куп трофејот, кавадаречки Тиквеш сите останати прволигашки екипи ќе настапат во оваа рунда. Сите тие своите натпревари ќе ги играат на гостински терен.
Според пропозициите, доколку нема победник по 90-те минути, веднаш ќе се пристапи кон изведување на пенали.
Сите натпревари ќе почнат во терминот од 15 часот.
КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/16 финале
среда (18 септември 2024)
СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР
НОВАЦИ – ВАРДАР
ЏЕПЧИШТЕ – ШКУПИ
ВАРДАР (Н) – АП БРЕРА
ЈЕНИ МАЛЕ – ШКЕНДИЈА
ОХРИД – БЕСА
ШКЕНДИЈА (А) – РАБОТНИЧКИ
КАРБИНЦИ – СИЛЕКС
СЛОГА Виница – СТРУГА ТЛ
КОЖУВ – АРЕСИМИ
СЛОБОДЕН СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
БОРЕЦ – ДЕТОНИТ
2 октомври (14 часот)
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ПОБЕДА – ГОСТИВАР
БАШКИМИ – ВОСКА СПОРТ