Вчерашните возбудувања во првата рунда од Лигата на шампионите и супер ефикасноста, се причина повеќе да очекуваме ист фудбал и денеска.

За денеска се закажани нови шест натпревари од првото коло.

Свое деби во Лигата на шампионите се очекува да има македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Штипјанецот со својот нов клуб шпанската Џирона ќе гостува во на „Паркот на принцовите“ кај францускиот шампион ПСЖ.

Дербито на вечерта ќе се игра во Манчестер каде англискиот првак Сити на „Етихат“ ќе го пречека шампионот на Италија, Интер.

Овие натпревари како и дуелите Клуб Бриж – Борусија Дортмунд и Селтик – Слован Братислава ќе се играат во вечерниот термин од 21 часот.

Претходно од 18.45 часот на програмата се два натпревари. Во нив италијанската Болоња е домаќин на украинскиот Шахтјор, а во Прага, Спарта го пречекува Салцбург.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 1. КОЛО

среда
18:45 БОЛОЊА – ШАХТЈОР
18:45 СПАРТА ПРАГА – САЛЦБУРГ
21:00 МАНЧЕСТЕР СИТИ – ИНТЕР
21:00 ПСЖ – ЏИРОНА
21:00 КЛУБ БРИЖ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
21:00 СЕЛТИК – СЛОВАН БРАТИСЛАВА

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ И СИТЕ ГОЛОВИ НА ЕДНО МЕСТО