Македонскиот одбојкарки првак Струмица е пред елиминација од Лигата на шампионите. Ова откако струмичани пред своите симпатизери загубија убедливо од грчкиот Олимпијакос со 0:3 во сетови.

Во натпреварот од првото квалификациско коло, грчкиот шампион доминираше во сите три сета.

Разликата во квалитет се виде уште во првиот сет. Струмичани беа рамноправи само до 3-4, по што Олимпијакос направи низа пет поени. Првиот сет противникот го доби со 15-25.

По почетното водство на македонскиот првак во вториот сет, гостите со неколку серии брзо се одлепија. Уште на половина од сетот Олимпијакос имаше двоцифрена предност (5-15). До крајот на тој сет гостите само рутински ја одржуваа предноста (17-25).

Ништо поинаков не беше ниту третиот сет кој Олимпијакос го доби со (15-25) за конечни 0:3 во сетови.

Повеќе од јасно е дека реванш дуелот што ќе се игра по седум дена ќе биде само чиста формалност за македонскиот првак.