Машката кошаркарска репрезентација на Србија се закити со бронзениот медал на ЛОИ во Париз.
Србите во дуелот за третото место го совладаа актуелниот светски шампион Германија со 93-83. Со тоа Србите им се реваншираат на Германците за поразот во финалето на Мундијалот.
Никола Јокиќ со тропл-дабл (19 поени, 12 скокови и 11 асистенции) ги предводеше Србите до бронзениот медал.
Во финалето вечерва, кое практично ќе биде реприза на она од Токио, Американците ќе го бранат златото во дуелот со домаќинот Франција.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА