Bториот Македонски претставник во Конференциската лига, Енис Барди ја заврши својата европска епизода, откако неговиот тим Трабзонспор загуби со 2-0 на гостувањето кај Базел и доживеа елиминација.
Трабзон имаше предност од 1-0 од првиот натпревар но истата ја загуби по само 13 минути игра, кога Зеки Амдуни донесе предност од 1-0 за Базел.
Можност за изедначување имаше напаѓачот на Трабзон Анастазус Баказетас кој во 27-та минута промаши пенал.
Играчите на Трабзон во 61-та минута се израдуваа на погодокот на Стефано Денсвил но радоста ја расипа ВАР системот кој сигнализираше офсајд.
Казната за нереализираните шанси стигна во 76-тата минута кога Зеќири ја зголеми предност на Базел на 2-0.
Тренерот на Трабзон Абдулах Авчи фрли се на една карта и уфрли офанзивни играчи меѓу кои и Македонскиот репрезентативец Барди кој во 81-та минута го замени Онур.
Во 92-та минута Трабзон повторно се радуваше на гол, но и овој пат истиот беше од недозволена ситуација поради што беше поништен.
Базел на крајот се радуваше со вкупен резултат 2-1.