На „Олд Трафорд“ се одигра големото дерби од осминафиналната рунда во Лигата на Европа, во која на задоволство на домашната публика Манчестер Јунајтед ја елиминира Барселона.

По нерешените 2:2 на „камп Ноу“, мечот во Манчестер започна очекувано, со отворена игра во која двете екипи напаѓаа, а  Барселона беше таа кој поведе со гол на Левандовски во 18 минута од пенал.

Но „црвените ѓаволи“ не се предадоа и со два гола во второто полувреме на Фред со 47-та и Ентони 73-та минта го сврте резултатот во своја полза.

Каталонскиот тим беше сантиметри близу до продолженија, но обидот на Левандовски во посаден моменти го изблокира Варан па резултатот остана не променет 2-1. 

Така Манчестер со вкупен резултат 4-3 ја елиминира Барса и се пласира во осминафиналето.