На женскиот одбојкарски турнир на Олимпијадата во Париз, денеска на програмата натпревари од 2.коло по групи.
Со победата над Доминиканската Република со 3-1 во сетови одбојкарките на Турција се пред пласман во четвртфиналето.
Тие го чекаат исходот од мечот меѓу Италија и Холандија, во кој ќе навиваат за Италијанките. Со победа на Италија, двете селекции на коло пред крајот на групната фаза ќе обезбедат четвртфинале, а нивниот меѓусебен дуел ќе решава за првото место.
ОИ ОДБОЈКА – ЖЕНИ (2.коло)
09.00 Турција – Доминиканска Република 3-1 (група Ц)
13.00 Бразил – Јапонија (група Б)
17.00 Италија – Холандија (група Ц)
21.00 Франција – Кина (група А)