Селекторот на сениорската женска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објавува списокот на повикани ракометарки за собир и настап на претстојната ЕХФ недела, односно двата контролни натпревари против Турција.

На списокот на Савески се 18 ракометарки, од кои шест се интернационалки, а останатите доаѓаат  од клубовите од домашното првенство.

Првата прозивка селекторот ќе ја направи на 27 февруари во 12:30 часот во хотелот „Александар Палас“, додека дуелите со Турција што ќе се играат во Анкара на програмата се на 2 и 4 март.

Савевски ги повика следниве ракометарки:
1. Јована Мицевска OGC NICE COTE D’AZUR HANDBALL (FRA)
2. Јована Саздовска HC Dunărea Brăila (ROU)
3. Сара Ристoвска CSKA MOSKOW (RUS)
4. Сања Дабевска A.C. PAOK (GRE)
5. Јована Кипријановска SAMBRE AVESNOIS HB (FRA)
6. Драгана Петковска MАCCABI RISHON (ISR)
7. Милица Николиќ ЃOРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
8. Ангела Јанкуловска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
9. Бојана Коцева ЖРК ВАРДАР
10. Ивана Арсениевска ЖРК МЕТАЛУРГ
11. Ива Младеновска ЖРК МЕТАЛУРГ
12. Теодора Дукоска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
13. Борјана Коцева ЖРК ВАРДАР
14. Катерина Дамјаноска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
15. Бојан Диневска ЖРК ВАРДАР
16. Теодора Гулицоска ЖРК ЧАИР
17. Ивана Џатевска ЖРК ВАРДАР
18. Марија Гугуљанова ЖРК МЕТАЛУРГ