Тројца македонски репрезентативци денеска настапија на Светското првенство во нордиски дисциплини што се одржува во словенечкиот ски-центар Планица. 

На програмата беа квалификациските трки 1,4 километри класичен стил. 

Кај дамите, Ана Цветановска  заврши на 86-тото место во конкуренција на 99 натпреварувачки со резултат 4:56.94.минути што беше за 1:34 минута послабо од  прво пласираната Јона Сундлинг од Шведска која е и главна фаворитка за златото. 

Во машка конкуренција настап имаа Ставре Јада и Дарко Дамјановски.
На трката што ја завршија вкупно 133 натпреварувачи, Јада го освои 108-то местосо време 3:58,56 минути, односно 1:03,06.минута побавно од најдобриот резултат на Норвежанецот Ерик Валнер.

Дамјановски имаше резултат од 4:03,63,минути, кој го рангира на 111-тото место, дири и зад африканскиот претставник Самуел Икпефан од Нигерија кој беше побрз за повеќе од половина минута.