По тетовска Шкендија и екипата на Тиквеш го заврши својот настап во Конференциската лига. Кавадарчани не ја сочуваа предноста од првиот меч во Скопје, кога го совладаа Брејдаблик со пресврт со 3-2.
Вечерва тие на гостувањето на Исланд загубија со пресврт, но со 1-3, па со вкупни 5-4 исландскиот тим е оној што продолжува понатаму.
А, имаа кавадарчани се во свои раце. Поведоа први со голот на Спахиу уште во деветтата минута. Раното водство како да ги вивна во ѕвездите избраниците на Мојсов. Му дозволија на противникот да ја преземе контролата на играта. Тоа резултираше со израмнувачкиот гол на Стеиндорсон во 44-тата минута за 1-1.
Брзо во вториот дел (53.минута) домашниот тим ја анулира вкупната негатива откако погоди Гинларсон за 2-1 или вкупно 5-5.
Во 85-тата минута, сите надежи на Тиквеш ги сруши Кристинсон со голот за конечни 3-1 (вкупни 5-4).
Така од трите македонски претставници на европската сцена остана само еден. Првакот Струга ТЛ кој беше елиминиран од Лигата на шампионите ќе продолжи во Конференциската лига, Во второто коло стружани ја противник ќе го имаат Пјкуник.