Дуелот Интер – Порто, како и што се очекуваше, неизвесен, тврд натпревар со многу прекршоци и тактички надмудрувања а во таквата пресметка вечерва подобро се снајдоа избраниците на Симоне Инзаги кои славеа со минимални 1-0.
Двата тима тргнаа претпазливо, па како натпреварот одминуваше, секое невнимание на одбраната и на двете страни беше опасност по голманите, кои вечерва беа на висина на задачата.
Прв се закани Хакан Чалканоглу со удар од далечина во 18-тата минута, но голманот Коста беше внимателен и го смири неговиот удар.
Првата вистинска шанса за Порто ја имаше српскиот репрезентативец, Марји Грујиќ кој во 38-та минута по одлична акција шутираше силно, но по средината на голот, па Онана го одбрани неговиот удар.
Последно возбудување во првото полувреме беше шутот на Бастони со глава во судиското надополнување, но и овој пат Коста беше внимателен.
Двата тима тргнаа по решително во второто полувреме, па се редеа шанси и на двете страни, а натпреварот доби сосема друго темпо. Агресивната игра со многу контакти и фаули резервираше со црвен картон за Отавио, кој во 78-та доби втор жолт картон, што значење исклучување.
Интер ја искористи бројчаната па само шест минути подоцна, Ромелу Лукаку, откако најпрвин ја погоди стативата со удар со глава, одбиената топка ја смести во голот на Коста, кој овој пат беше немоќен да одбрани.
Токму Ромелу Лукаку само неколку минути подоцна повторно се обиде, но не успеа по втор пат да го совлада Коста, за конечни 1-0.