Џорџ Расел утре ќе стартува од пол позицијата на Британското ГП што се вози на патеката Силверстоун.
Тој беше најбрз во квалификациите со време од 1.25.890 секунди кое го постави буквално во самиот финиш од К3.
Претходно Луис Хамилтон постави најдобро време и беше на дофат до пол позицијата, но Расел за 171 стотинка постави подобро време за голем успех на тимот на Мерцедес.
Цели три години фановите на овој тим чекаа нивните пилоти од првите две места да стартуваат на една трка.
За Расел ова е петта пол-позиција во кариерата.
Доминацијата на британците ја потврди и Ландо Норис од Мекларен кој ќе стартува како трет.
Најдобрата 10-ка ја сочинуваат Верстапен, Пијастри, Хулкенберг, Саинц, Строл, Албон и Алонсо.
Трката за ГН на Велика Британија на легендарниот Силверстоун стартува утре со почеток од 16 часот.