Екипите на Тиквеш и Шкендија ќе ја преставуваат Македонија во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Тиквеш како победник во Купот, а Шкендија како второ пласиран тим во ПМФЛ се изборија за настап во ова натпреварување.
Кавадарчани ќе играат против Бреидаблик од Исланд, а тетовци за противник ќе ја имаат ерменската екипа Ноах.
Тиквеш првиот натпревар ќе го игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје. Дуелот на програмата е на 11 јули од 17 часот. Еден час подоцна (18), истиот ден, во Ерменија својот прв меч против екипата на Ноах ќе го почнат фудбалерите на Шкеднија.
Без малку исто ќе биде и реванш дуелите кои на програмата се на 18 јули.
Натпреварот на Шкендија на „Тодор Проевски“ во Скопје ќе почне од 20 часот, а гостувањето на Тиквеш на Исланд од 21.15 часот.