Пораз претрпеа младите македонски одбојкарки до 18 години, во вториот меч на Балканското првенство што се одржува во Тирана, Албанија.
Во меч од второто коло од А групата Македонија загуби од Романија со 3:0 (25:18, 25:17, 25:17).
Откако во првата рунда славеше над домаќинот Албанија, избраничките на селекторот Александар Митев не успеа да и парира на Романија.
Сега двете репрезентации имаат идентичен ефект по една победа и пора. Романките покрај победата над црвено-жолтите се во предност што денеска ќе играат со домашната селекција на Албанија. Ние пак, попладнево 15.30 часот, за противник ќе ја имаме репрезентацијата на Бугарките која веќе забележаа два триумфа и тоа без да загубат сет.
Двете првопласирани репрезентации ќе играат во полуфиналето, со двете најдобро рангираа од Б групата. Трето рангираните ќе се борат за петтото место, а последните за седмата позиција во конечниот поредок.