Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Министерството за внатрешни работи (МВР) имаа заедничка средба.
Работната средба е во рамките на проектот за борба против манипулација (наместени) натпревари во спортот, панел кој го спроведува МОК.
Во соопштението на МОК се вели:
„Остваривме заедничка средба со претставници од Министерство за внатрешни работи, односно од одделот за економски криминал и корупција и секторот за меѓународна полициска соработка и Интерпол, со цел продлабочување на соработката и размена на информации на темата превенција со манипулација со спортски натпревари.
Со поддршка на ангажираниот експерт Жоао Алмеида од Португалија, во следниот период ќе организираме обука за полициските службеници кои работат во овој домен, со цел унапредување на нивните вештини за препознавање и следење на сите закани поврзани со манипулација на спортските натпревари.
МОК ја имплементира програмата поддржана од ИОК во чии рамки ќе се делува за поголема едукација и превенција од оваа глобална закана особено кон спортистите, како и воспоставување на формална рамка за навремена размена на информации и проактивна соработка“